11 years ago I've involved myself in the fitness and wellness industry. My father was diagnosed with prostate cancer, later it transferred to the bones and after couple of years he was diagnosed with Alzheimer's disease. That was the reason why I went on a mission for healthier and happier life. This podcast has a goal to inspire people and help them achieve quality of living.
Хотел со дополнителни услуги за стари лица
Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од @feniks_domovizastari.Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа добиваат, какво мени имаат (тука Мето сподели информации што и мене ме изненадија) и како им се исполнуваат деновите.Дополнително, ќе добиеш совети за бирање на соодветен дом за членот од твоето семејство, како и за дневниот центар што функционира во Феникс и бесплатниот пробен период што го нудат. Интересни моменти:[00:00] Вовед[07:43] Феникс домовите за стари лица[09:42] Предрасуди за домовите за стари лица[15:53] Домот за стари лица како хотел со дополнителни услуги[20:23] Каков тим работи во Феникс и како се грижат за резидентите[21:38] За цените во домовите за стари лица[24:09] Што да се земе предвид кога се бира дом за стари лица?[26:21] Дали има скриени трошоци во Феникс?[28:43] Каква поддршка нудат Феникс за семејствата на резидентите?[30:12] Со какви активности деновите на резидентите во Феникс се постојано интересни?[33:10] За дневниот центар во Феникс и бесплатниот пробен период[37:36] Совети за случаите кога старото лице дава отпор за преселување во домот[39:51] Улогата на психологот и психијатарот во Феникс[41:52] Иновативни технологии во работењето во Феникс[45:28] Разликата меѓу чување старо лице во домашни услови и во старски дом[49:03] Каква храна се нуди на разидентите на Феникс?[51:55] Визијата за Феникс во иднина Корисни линкови:Јосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
2/20/2024 • 1 hour, 34 seconds
Женско здравје: RED-S синдром
Девојки и жени – дали сте слушнале за RED-S синдромот? Ако активно или професионално се занимавате со спорт, оваа епизода не смеете да ја пропуштите.Зборуваме за влијанието на циклусот на спортските перформанси, прекин на циклусот при пренапорни тренинзи, последиците од ненавременото третирање на овие проблеми и третманите за надминување на истите.На гости ни е Виолета Николов, специјалист гинеколог во клиниката Жан Митрев. Виолета има мисија да ја подигне свеста за овој проблем во женскиот спорт и активно работи на едукација на жените спортистки и нивните тренери.Затоа дури и ако не сте спортски активни, ислушајте го разговорот за да можете некому да помогнете (со информација) доколку забележите некои од знаците што ги посочуваме во разговорот. Интересни моменти:[00:00] Вовед[04:04] Спортска гинекологија[06:22] Што е тоа RED-S синдром?[10:01] Симптомите на RED-S синдромот – што е првиот знак?[14:03] Каде да се обратам за дијагностицирање на RED-S синдром?[18:11] Колку тренерите знаат за RED-S синдромот?[20:04] Јапонската пливачка што се охрабри да зборува за влијанието на менструацијата на спортските перформанси[21:27] Прекин на циклус при интензивни тренинзи[26:52] Што може да предизвика дефицит на нутриенти при големи напори?[28:22] Разлики меѓу претренираност и RED-S синдромот[29:30] Начин на справување со RED-S синдромот[31:23] Превенцијата е најдобар лек – секоја спортистка треба да се едуцира[33:42] Најлесни знаци за препознавање на претренираност[35:33] Хормонален дисбаланс и физичка активност[41:15] Бременост и физичка активност[43:29] Физичка активност и остеопороза во менопауза[45:33] Полицистични јајници и физичка активност[47:59] Дали за RED-S синдромот се зборува во образованието?[50:12] Има ли гинеколошки прегледи во спортската медицина?[57:08] Препораки за новите генерации на жени спортисти
1/30/2024 • 1 hour, 8 minutes, 57 seconds
Грижа за очите во модерното дигитално време
Во денешницава факт е дека доминираат екраните. Веројатно и ти или работиш или поминуваш многу време пред екран. Дали се имаш запрашано што тоа значи за твоите очи? Дали имаш отидено на проверка на видот?Од разговорот со офталмологот Тодор Јаковлевски ќе дознаеш за симптомите на нарушувањата на видот, особено од синдромот на компјутерско око. Ќе научиш како најдобро да ги одмараш очите и кои мерки можеш да ги превземеш за да спречиш понатамошни поголеми проблеми.Епизодава е полна со одлични совети за зачувување на добриот вид. Слушни ја за да можеш да ги примениш. Интересни моменти:[05:22] Колку екраните навистина ги расипуваат очите?[09:33] Поврзаноста на трепкањето со синдромот на суво око[12:18] Солзите и добриот вид[15:58] Капки за очи (вештачки солзи) - препораки[18:57] Синдром на компјутерско око: симптоми и статистика[23:49] Олеснување на симптомите на computer vision синдромот: правилото 20-20-20[27:39] Исклучување плава светлина на телефонот – зошто е корисно?[30:41] За очилата со филтер за плава светлина[32:10] Исхраната и видната острина (намирници што се добри за очното здравје)[36:37] Дали гледањето во екран во темна просторија е проблем? Каков контраст е погоден за очите?[38:20] Што се добри услови за читање?[39:54] Дали одблесок на екранот / рефлектирачки екран штети на очите?[42:20] Гурелки во очите – симптом за ...[44:35] Алергиски реакции и очите – како да си помогнам?[46:48] Важноста на прегледите кај офталмолог за навремено откривање на очни аномалии[49:52] Дали физичка активност може да направи штета на очите?[53:32] Колку често треба да се проверува видот?[55:41] Очен притисок – кога да се испита? Корисни линкови:Јосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на FacebookЈосиф Дамјанов на YoutubeЈосиф Дамјанов на InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
1/17/2024 • 59 minutes, 27 seconds
Срце мое не се грижи
Независно колкава физичка активност имаш во животот, треба да се грижиш за здравјето на срцето. Можеби не посветуваш доволно внимание? Повели добра прилика да се информираш.Во оваа епизода гостин ми е д-р Маријана Манеска, кардиолог. Ќе те потсетиме на сите важни работи во врска со срцевото здравје со цел да го оптимизираш твојот начин на живот.Разговараме за најчестите ризик фактори, симптомите што укажуваат на некаков проблем, и препорачаните добри работи што можеш да ги правиш редовно за да водиш квалитетен и здрав живот.Интересни моменти:[04:20] Зошто после Ковид има повеќе срцеви удари, особено кај помладата популација?[06:59] Кои се симптомите кај жените што предупредуваат дека има проблеми со срцето?[07:51] Разлики меѓу паничен напад и срцев удар[09:43] Интензивна физичка активност – ризик за срцевото здравје?[11:06] Синдром на скршено срце[13:31] Што е срцева слабост?[14:40] Новости во третирањето на срцевите заболувања[15:54] Апчиња за срце – ако почнеш, ги пиеш до крај на живот?[18:20] Висок крвен притисок - причини[19:33] Покачен холестерол – колку е загрижувачки?[20:56] Пушењето како ризик фактор, и дали електронските замени се подобри?[24:47] Постои ли дозволена количина алкохол што нема да му штети на срцето?[28:14] Колку кафе смее да пијам за да немам проблеми со срцето?[30:30] Препорачана количина за внес на вода во денот[32:02] Имам спортско срце – добро е или лошо?[33:21] Нормални граници на пулсот при спортска активност и колку често да се оди на контроли[37:49] Добар сон за здраво срце – ноќно спиење и попладневни дремки[40:59] Дали стресот е добар за да се одржува кондиција?[41:53] Најдобри намирници и суплементи за добро кардиоваскуларно здравје[45:12] Постои ли здрава дебелина?[46:59] Поврзаноста на дијабетот со кардиоваскуларното здравје[53:50] Најчести кардиоваскуларни проблеми кај нас и како да се превенираат[55:08] Низок крвен притисок – дали е проблем?Корисни линкови:Маријана Манеска на LinkedIn и FacebookЈосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на FacebookЈосиф Дамјанов на YoutubeЈосиф Дамјанов на InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach FoodsЕмисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
12/27/2023 • 1 hour, 2 minutes, 22 seconds
Безбедност и квалитет на храната
Знаеш ли дали храната што ја внесуваш е безбедна и квалитетна? Веројатно одговорот е не, но се потпираш на институциите и законите кај нас тоа да го обезбедат за сите.Во ова интервју, разговарам со Александар Диље, агроном, кој што убаво објаснува како функционираат токму овие процеси во однос на контролата на квалитетот и безбедноста на производите што се одгледуваат во Македонија.Слушни ги новините кои се воведуваат на ова поле кај нас и што тоа значи за нас како потрошувачи. Покрај другото, ќе чуеш и совети за типот на овошје и зеленчук што се препорачливи за конзумација, а и како темелно да ги измиеш пред да ги јадеш.Пробен неделен период целосно бесплатно во Феникс домови за стари Интересни моменти:[02:00] Вовед – професионалните ангажмани на Александар[04:24] Трансформацијата на Александар[07:43] Како да препознаам квалитетно овошје и зеленчук во маркет?[11:16] Ѓубрива за храна и пестициди[13:32] Зошто доматите денес немаат таков вкус како оние порано?[16:01] Безбедност и квалитет на производите што ги купуваме на пазар / новини во законот за употреба на пестициди[21:09] Пестицидите и нивната поврзаност со канцер[24:23] Протоколи за употребата на пестицидите[26:30] Како правилно да исчистам овошје и зеленчук пред да го конзумирам?[28:17] Дали органските производи треба исто да се мијат како останатите?[30:14] Зошто органските производи се поскапи од другите?[33:21] Дали сезонското овошје и зеленчук се секогаш најдобриот избор?[34:29] Дали да се плашам од ГМО?[39:09] Со каква вода се наводнуваат растенијата кај нас?[44:10] Следење на квалитетот и класификација на водата[45:11] Зошто има зголемено присуство на антибиотици во растенијата и каква е врската со сé поголемата отпорност на антибиотици кај луѓето?[48:04] За урбаното прозиводство на растенија, увозот на производи и производството во Македонија[53:21] Овошје и зеленчук што не виреат во нашето поднебје – дали да се избегнуваат? Корисни линкови:Александар Диље на LinkedInЈосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на FacebookЈосиф Дамјанов на YoutubeЈосиф Дамјанов на InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
11/28/2023 • 58 minutes, 30 seconds
Градење отпорност на повреди
Речиси секој се соочува со рехабилитација еднаш или повеќе пати во животот. Причините се обично некакви повреди настанати од претерано или неправилно вежбање, недоволно вежбање или пак неправилна положба на телото при седење.За соговорник во оваа епизода го имам физиотерапевтот Иван Колачески (@i.kolaceski) кој работи рехабилитација во студио Moves. Првично зборувавме за тоа како да не се дојде до момент кога треба рехабилитација – опфативме правилно држење на телото при седење т.е. на работа и правилен пристап кон вежбањето (и кај почетниците и кај напредните вежбачи).Ќе чуеш добри информации за превентива, совети за вежбање и поставување цели во вежбањето, како и за користење суплементи и стероиди. Ислушај ја епизодата и пиши ни во коментар што најмногу ти остави впечаток или ти беше најкорисно со оглед на тоа во која група на вежбачи припаѓаш.Интересни моменти:[05:05] Правилно држење на телото – што е тоа ергономија?[07:34] „Болест на седење“ – што ако ја имам?[08:28] Дали ергономско столче ќе ми ги реши проблемите со неправилно држење на телото?[10:12] Топ 3 совети за правилно држење на телото при седење[11:30] Bracing sequence – што е тоа?[13:18] Повреди при вежбање: каде ги има повеќе, кај почетници или професионалци?[17:04] Најчести причини за повреди кај вежбачите почетници[19:40] Како да почнам да вежбам ако сум почетник?[23:04] За фазите во вежбањето – премин од една во друга[25:15] Неправилно дишење при вежбање[27:23] Работење од дома – има ли поголемо негативно влијание на држењето на телото?[29:18] Вежбање од дома наспроти во сала – како да знам што да одберам?[31:47] Мобилност или флексибилност – што е поважно?[34:30] За силата и кондицијата[35:59] Рекреативно вежбање: на што најмногу да се обрне внимание?[37:29] Корективни вежби – колку често да се вежбаат?[39:07] Дали е доцна да се почне со вежбање на постари години?[41:17] Вежбање кај младите за олеснување на депресија и анксиозност[42:56] Поставување цели во вежбањето[45:31] Правилен пристап при рехабилитација[47:22] Како да препознаам погрешна информација во врска со вежбање на социјални медиуми? Како да најдам точни информации?[52:22] Колку често да одам на масажа?[53:52] Суплементација и стероиди: препораки на ИванКорисни линкови:Иван Колачески на LinkedInЈосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на FacebookЈосиф Дамјанов на YoutubeЈосиф Дамјанов на InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach FoodsЕмисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
11/15/2023 • 59 minutes, 14 seconds
Тесната врска меѓу дигестивното и менталното здравје
Што ни кажуваат најновите сознанија за дигестивното здравје т.е. за последиците од дисбалансот во системот за варење?Што правиш ти за да го оддржуваш твојот дигестивен систем во добра форма?Ако сакаш да провериш дали правилно постапуваш и дали ги имаш вистинските информации, тогаш треба да издвоиш време да го ислушаш овој разговор со нутриционистот Сашо Дрвошански.Зборувавме за многу теми како пробиотици, суплементација, хронични заболувања и ментално здравје, и како сé тоа е поврзано со дигестивното здравје. После овој подкаст, погледите на оваа тема никогаш нема да ти бидат исти. Интересни моменти:[06:49] Која е врската меѓу дигестивното и менталното здравје?[09:10] На што се мисли кога се зборува за вториот мозок?[12:21] Појаснување на термините: микробиот и микробиом[13:14] Што значи да имаш здрав или нездрав микробиот? Кои се последиците по нашето расположение и имунитет?[16:49] Можат ли дигестивните суплементи да компензираат за лошата исхрана?[18:31] Што ако се претера со „добрите“ бактерии?[19:24] Кои пробиотици се добри за ублажување на состојби како депресија и анксиозност?[21:44] Храна што е најбогата со пробиотици[22:52] Колку зимницата т.е. туршијата е добар извор на корисни бактерии?[24:55] Кој е виновникот за хроничните воспаленија и нервно-дегенеративните состојби?[30:55] Што значи нетолеранција на некаква состојка?[33:27] Нетолеранција на глутен – како да се препознае?[34:01] Од каде да се почне со санирање на состојбите што ги имаме?[40:08] Суплементација на витаминот Д – колку и кога?[43:35] Суплементација на омега-3[46:47] Големата заблуда кај веганите[48:04] Влијанието на вежбањето на дигестивното здравје[50:14] За туширањето со ладна вода[56:10] Подуеност – најчест причинител Корисни линкови:Сашо Дрвошански веб-сајтСашо Дрвошански на Instagram, Facebook, LinkedInЈосиф Дамјанов веб-сајтЈосиф Дамјанов на FacebookЈосиф Дамјанов на YoutubeЈосиф Дамјанов на InstagramФитнес мобилна апликација FitKitЗдрава храна Coach Foods Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.